Тој е источноевропскиот Макрон: Орбан работи на воспоставување сојузи во регионот и тоа не е случајно

Точка

16/05/2018

17:36

3.960

Големина на фонт

а а а

Во својот говор по положувањето на заклетва за премиер, Виктор Орбан се позиционирал како источноевропски контрапункт на Емануел Макрон. Тој сака зад себе да го има истокот на ЕУ, и долгорочно идните членки.

Кога унгарскиот премиер држи важен говор, тој во него често намерно вметнува провокативни мисли. На пример, по изборот во 2014. година, тој прогласил дека во Унгарија е завршена ерата на политички дебати, и најавил време на делување. 

Истата година прогласил дека почнува трансформацијата на Унгарија во либерална држава базирана на работа. Минатото лето, Европската комисија во својот програмски говор ја нарекол инквизиција, а Унгарија уште еднаш ја нарекол бедем на христијанска Европа.

Кога Орбан во четвртокот минатата седмица се обраќал пред парламентот во Будимпешта, по својата нова премиерска заклетва, говорот му бил офанзивен, што е реткост во последните неколку години. Зборувал во стил на искусен државник, на кого му е под чест да провоцира. Но, колку и да му бил тонот мирен, Орбан сепак цврсто останал при своите ставови, пишува "Deutsche Welle".

Новиот свет на Орбан

На внатрешен политички план тој со помали шифрирани реченици најавил дека сака да остане на власт најмалку до 2030. година - до тогаш Унгарија, што е цел на Орбан, треба да биде една од најдобрите пет земји за живеење во Европската унија.

Либералната демократија, чие време е завршено, смета премиерот на Унгарија, не се спротивставува на либералната држава, туку на "христијанската демократија". Тоа е формулата која е веројатно и сигнал за тактичката промена кон Европската народна партија во Европскиот парламент - каде интерно се водат жестоки расправи за исклучување на партијата на Орбан - Фидес.

Дипломатите морале внимателно да ги слушаат изјавите на Орбан за надворешната политика. Тие во себе содржеле малку новости, но уште еднаш биле формулирани кратко и остро: според Орбан, Унгарија ќе остане во западниот сојуз, но во судирот меѓу Берлин, Москва и Истанбул ќе се позиционира строго според своите геополитички интереси и нема да извезува демократија или да застапува туѓи интереси.

Двата заклучни моменти од говорот на Орбан се однесувале на отфрлање на проектот "Соединети Европски Држави", кој Орбан го нарекол "грозен ноќен кошмар". Наместо тоа, рекол, ЕУ мора да делува како "сојуз на слободни нации".

За тоа Унгарија ќе се бори со сите свои сили. Истовремено, Орбан на државите од Карпатскиот басен им понудил интензивна соработка со цел тој регион да биде најбезбеден и најбрзо да се развива како единствена економска, комерцијална и транспортна област.

Орбан како источноевропски Маркон

Орбан така се позиционирал како источноевропски контрапункт на францускиот претседател Емануел Макрон. Тој е свесен дека би го сфатиле сериозно ако се изолира и зад себе ја има само големината на Унгарија и нејзината економска моќ.

Затоа Орбан веќе долго време работи на цврст сојуз со источните членки на ЕУ и со земјите кандидати за членство на Западен Балкан, кои во Брисел заедно би го застапувале долгорочниот реформски план и кои во суштина би функционирале како економски сојуз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг