Хонда подготвува уште поекстремна верзија на NSX: Наскоро пристигнува NSX Type R?

Точка

16/05/2018

18:23

3.747

Големина на фонт

а а а

Според последните информации до кои што дојдоа јапонските медиуми, челниците на Хонда размислуваат за производство на уште поектремна верзија на суперавтомобилот NSX.

Шпекулациите на јапонските медиуми ги потврди во интерјву за "Motoring", шефот на Acura во Северна Америка, Џон Икеда кој што изјави: „Поентата е да направиме автомобил со уште подобри перформанси, зборувавме веќе за тоа, постојат одредени планови“.

Слично изјави и ПР менаџерот на Acura во Соединетите Американски Држави, Мет Слаучер кој што покрај тоа, додаде и дека ако некој ќе сака уште побрз модел од актуелниот NSX, тогаш ќе мора да купи вистински тркачки автомобил.


Сепак, официјалните лица на Хонда во Јапонија се уште молчат. Доколку навистина дојде до развој на уште подобар NSX со ознака Type R, тоа секако ќе биде автомобил со брутални перформанси кој што ќе се продава и по висока цена.

За почеток, инженерите на Хонда ќе мора да пронајдат начин од сегашниот хибрид да извлечат повеќе од 600 коњски сили, а покрај тоа, истовремено да ја намалат масата на автомобилот, нешто што навистина нема да биде лесно.


Покрај сето тоа, NSX не бележи некои посебно добри резултати кога станува збор за продажбата. Всушност, се случува спортивното. Продажбата ги потфрли сите очекувања на Хонда, посебно во САД каде што во текот на 2017-та година биле продадени помалку од 600 примероци.

Покрај гласините за развој на Type R верзија на NSX, јапонските медиуми исто така шпекулираат дека можно е да се појави и кабриолет верзија на овој модел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг