Сојузник на Меј предупредува: Може да ја изгубиме Северна Ирска поради брегзит

Макфакс

16/05/2018

16:19

1.137

Големина на фонт

а а а

Демијан Грин, поранешен прв државен секретар и сојузник на Тереза Меј, за време на жестоката дебата сношти на „Би-би-си њузнјат“ ја предупреди британската премиерка да организира референдум за повторно обединување на Ирска како одговор на тврдокорните поборници за излез од ЕУ.

Грин учествуваше во програмата посветена на политиката на британската влада кон Северна Ирска. Иако тој посочи дека владата нема намери за воведување граница, коментаторот на Би-би-си побара од Грин да разјасни дали премиерката блефирала кога им рекла на евросептиците во својата партија дека ќе има уште една граница ако пресилно притискаат за брегзит.

„Не, таа дефинитивно не блефираше. Речиси подеднакво важна е практичноста на тоа. Мислам дека во голем дел од овој спор околу границата, без разлика дали станува збор за Ирска или за други делови на Велика Британија, треба да ја разгледате практичноста. Сега знаеме дека има повеќе патишта што ја минуваат границата со Ирска отколку на источната граница на Европската Унија. Идејата дека може да имате традиционална граница таму не само што би била политичка глупост, тоа нема никаква практична смисла,“ рече пратеникот.

Грин нагласи дека не им вели само на поборниците за брегзит да прават компромиси, туку дека истото им го вели на сите.

„Им велам да бидат практични, да престанат да создаваат идеолошки кампови и да речат дека се што сакаме е британската трговија да тече непречено.“

Пратеникот на ториевците, Џејкоб Рис-Мог, ѝ посочи на Тереза Меј дека нема сомневање оти Велика Британија ќе победи на кој било хипотетички референдум за границата со Ирска по што го спореди со гласањето за независност во Шкотска во 2015 година. Но Меј веднаш му возврати велејќи му дека двете ситуации не се споредливи и дека е невозможно Велика Британија да биде сигурна за исходот од референдумот на цела територија.

Кампањата за повторно обединување на Ирска се засили по гласањето за излез од ЕУ, а Северна Ирска мнозински гласаше за да остане во Европската Унија. А со доближувањето на 100-годишнината од поделбата на Ирска во 1921 година, поддршката за референдум за границата само ќе се зголеми во наредните месеци и години, особено со продолжувањето на процесот на брегзит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг