Израелскиот министер за одбрана ги охрабри војниците: Заштитете ги нашите граѓани, не ги слушајте зборовите на лицемерите!

Точка

16/05/2018

16:41

3.015

Големина на фонт

а а а

Израелските власти воопшто не се осврнуваат на меѓународните критики во врска со начинот на кој што израелските вооружени сили се пресметуваат со палестинските демонстранти.

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман изјави денес дека војската треба да ги игнорира критиките за своите воени активности, само два дена подоцна откако израелските вооружени сили убија над 50 Палестинци и ранија над 2 илјади долж границата помеѓу Појасот Газа и Израел.

„Не ги слушајте зборовите на лицемерите“, им порача Либерман на војниците после средбата со командантите на армијата на југот на земјата.


„Можеме само да замислиме што би се случило доколку тие терористи успееја да упаднат во нашите погранични заедници. Наша должност е да ги спречиме да упаднат на израелска територија и да им ги нападнат нашите цивили“, порача израелскиот министер за одбрана.

Либерман движењето Хамас кое што го контролира Појасот Газа ги нарече „канибали“ и ги отфрли извештаите за можно долгорочно примирје со Хамас: „Не гледаме ништо сериозно, ништо значајно“, изјави тој откако беше запрашан за неформалните контакти помеѓу Хамас и израелските власти.


Употребата на сила против насилните демонстранти на границата помеѓу Палестина и Израел ја осуди меѓународната заедница, пред се арапските земји. Јордан најави поднесување на нацрт резолуција за „заштита на палестинските цивили“ до Советот за безбедност на Обединетите нации, но САД веднаш го блокираше тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг