Најконтроверзното семејство за прв пат го покажа синот после големата трагедија пред 9 години

Точка

16/05/2018

20:04

9.651

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерска двојка Џон Траволта и Кели Престон го промовираат новиот филм "Gotti", а на црвениот тепих во Кан што е уште поважно е дека се појавија заедно со своите деца. Ќерката Ела Блу пораснала во вистинска девојка, додека за прв пат во јавност имавме можност да го погледнеме после 9 години од трагедијата и нивниот син Бенџамин.

Односно, на славниот пар пред 9 години им почина синот Џет. Тогаш се појавија информации дека Џет починал, бидејќи родителите како дел од Саентолошката вера одбивале медицинска помош за своето дете. Но, релативно брзо, три години подоцна тие го добија наследникот Бенџамин. 


Глумицата го роди Бенџамин на 49 години и рекла дека тој е благослов за цело семејство. Седум години подоцна, нивниот син за прв пат се појави пред фоторепортерите.

"Тој е како лепило, повторно го состави ова семејство", вели контроверзниот актер.


Покрај тоа што во јавноста се знае дека е верен член на Саентолошката црква, многу често бил поврзуван и со многу мажи. Иако со години се зборува дека нивниот брак е на "стаклени нозе", тие двајца сè уште живеат заедно со своите деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг