Мицкоски пред Џозеф Дол изразил загриженост за правецот во кој се движи земјава

Макфакс

16/05/2018

14:23

622

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на самитот на Европската народна партија оствари средба со Џозеф Дол, претседателот на ЕПП.

Партискиот Центар за комуникации соопшти дека на состанокот Мицкоски го информирал претседателот на Европската Народна Партија, Дол, за актуелните случувања во земјава, притоа изнесувајќи ја својата загриженост за лошиот правец во кој се движи државата на економски и политички план.

„Слабеењето на економскиот стандард, политичкиот терор како и поделбите во општеството ги уназадуваат демократските капацитети на државата. Имаме една година на исклучително лошо владеење во кое граѓаните живеат полошо и ситуацијата е без изгледа за подобрување. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ планира и голем протестен собир на кој ќе се изрази револт од катастрофалното владеење, но и ќе биде преставена понуда и решенија за излез од ваквата состојба, но очекуваме и недвосмилена поддршка од сестринските партии и Европската народна партија“, посочил на средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја потенцирал и улогата на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на креирање на реформските закони, каде што, како што посочил, опозицијата влијаела на подобрување на тие законски решенија, раководејќи се од интересот на граѓаните и запазувајќија европската перспектива на државата.

Од страна на претседателот на Европската народна партија, Џозеф Дол била поздравена и недвосмислено беше искажана поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, соопшти партискиот прес-центар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг