Мал број на земји го поддржаа отворањето на американската амбасада во Ерусалим, но бројката сега расте? 32 земји имаа свои претставници во Израел

Точка

16/05/2018

16:15

1.910

Големина на фонт

а а а

Можеби поголемите европски земји не испратија свои претставници за отворањето на новата американска амбасада во Ерусалим, но јасно е дека бројката на земји кои што го поддржуваат тоа расте.

Кога американскиот претседател Доналд Трамп го најави преселувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим и го призна Ерусалим за главен град на Израел, мал број на земји ја поддржаа таквата одлука.

Сепак, во понеделникот Американците и свечено ја отворија својата нова амбасада во Ерусалим, а на отворањето свои претставници испратија 32 земји, меѓу кои и Македонија.


Во службената делегација од САД, во името на претседателот Трамп кој што се обрати преку видео линк, присуствуваше неговата ќерка, Иванка Трамп, како и неговиот зет Џеред Кушнер.

Но, кој се појави од странските држави. Иако јавно речиси сите не го поддржуваат американското признавање на Ерусалим за главен град на Израел и сметаат дека статусот на овој град треба да биде решен во еден завршен мировен договор, од израелското министерство соопштија дека испратиле 86 покани на кои што потврдно одговориле 32 земји.


Од Европа на отворањето на новата амбасада на САД во Ерусалим присуствуваа делегации на 8 европски земји. Покрај Македонија, на церемонијата присуствуваа и представници на Унгарија, Чешка, Австрија, Романија, Украина, Албанија и Грузија. Иако се шпекулираше дека свои претставници испратиле и Србите, сепак од официјален Белград порачаа дека ниту еден српски дипломат не учествувал на церемонијата во Ерусалим.

На мапата можете да видите кои држави одговорија позитивно на повикот на израелските власти и присуствуваа на свечената церемонија на отворањето на новата американска амбасада во Ерусалим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг