Топ дестинација на неделата-меден месец во Занзибар, кој ќе се памети со години

Точка

16/05/2018

16:14

13.950

Големина на фонт

а а а

Кристално чиста вода, палми, свеж кокос и ред други погодности, не е тешко да се убеди некој дека Занзибар е една од најневеројатните дестинации на континентот Африка, нели?

Оваа недела ние во улогата на туристички водич ви издвоивме топ 14 причини зошто да го одберете островот Занзибар како дестинација за патување.

1. Затоа што можете да се препуштите на природните убавини и да уживате на плажите само за себе.


Овде има неколку острови кои што морате да ги посетите. Со само 12 соби на островот, островот Мнамба на брегот на Занзибае е таков рај, кој што го посетија дури и најпребирливите патници. Доколку посетата на Мнамба е надвор од вашиот буџет, време е да знаете голем број на плажите во Занзибар се ненаселени и огромни.

2. Небото овде е живописно и бајковито


Додека гледате во небото наутро и навечер,од овде ќе се чувствувате како небото да оживува на изгрејсонце и зајдисонце. Небото е живописно, прелеано со палети на розови, пурпурни, портокалови и жолти бои , кои што го осветлуваат небото во раните утрински часови и непосредно пред вечерата.

3. Искусете го локалниот начин на живот на едрилица


Пловев се до зајдисонце и не можев да се уверам дека ова е вистински и реален живот шампањ во едната рака, а фотоапарат во другата. Чувствував дека го имам целото море само за себе. Риболовот и морските плодови се една дел од локалната култура со оглед на природните ресурси.

4. Јадете локална, срдечна и вкусна храна


Откако ќе се вратите назад на копното на Занзибар, морате да го посетите Стоун Таун. При талкањето низ ова место ќе забележите широк спектар на улична храна, пазарска храна и голем број на кафулиња.

5. Можете да пловите со кајак во една од начистите води на светот


Овде водата е една од најчистите води во светот, има богата флора и фауна, а местото е погодно и за други водени спортови.

6. Уживајте на некои од традиционалните бунгалови на плажите


Овде традиционалните бунгалови се наречени Банди и најчесто немаат ниту врати ниту прозорци.

7. Ова е едно од најромантичните места во светот


Доколку сте во порага на дестинација за меден месец кој што ќе го паметите со години, ова е одлична понуда за вас.Постојат многу големи скриени плажи,острови и луксузни хотели кои можат да се откријат во Занзибар.

8. Живите улици на Стоун Таун се нешто што ќе ви остане во сеќавање


Посета на Стоун Таун сигурно ќе биде исполнета со живописни бои, арома на зачини, пријателски локални жители и многу хаос! Како што шетате по улиците сигурно ќе ги забележите локалните жители додека им се обраќаат на посетителите со пријателски поздрав Џамбо или Хакуна Матата. Градот е исполнет со локалните пазари каде што се достапни сите видови зачини, овошје, зеленчук и месо за да привлечат сѐ поголем број на локални жители и посетители.

9. Патувајте низ времето и разберете ја историјата на некогашните робови


Додека престојувате во Стоун Таун, не заборавајте да го посетите стариот пазар за робови како и музејот за разбирање на трговија со робови. Пазарот на робови е истакната точка во Стоун Таун за посетителите кои бараат подлабоко разбирање за историјата на робовите низ Африка и како колонизацијата влијаеше овој континент.

10. Истражете ја богатата фауна која опстојува на овој простор


Бидејќи овде водата е една од начистите води во светот луѓето често пати доаѓаат за да нуркаат и да ги набљудуваат животните кои опстојуваат на овие простори. Еден од најдобрите острови за нуркање е островот Мнеба.

11. Затоа што ќе  успеете да се исклучите од реалността 


Ова е едно од најдобрите места за релаксирање и не заборавајте да си понесете книга со себе.

12. Конзумирајте кокосова вода во неограничени количини 


Занзибар е тропски остров,а тоа значи дека има овошје во изобилие. Доколку сте овде на патување најпрвин морате да ја вкусите кокосовата вода, кој што освен што е вкусна е и многу здрава. Освен кокос овој простор изобилува со банани и ананаси.

13. Истражувајте ги вратите на Стоун Таун


Доколку сакате да ги истражите скриените скапоцени камења низ улиците на ова место, најдобро е да резервирате најмалку половина ден. Тука можете да ги откриете сите стари прекрасни врати кои нудат увид за нешто кое што влече корени од минатото и важи за свет симбол особено за населението овде.

14. Откријте го местото каде што се родил големиот британски музичар и рок ѕвезда Фреди Меркјури 


Ферди Меркјури  е голем британски музичар и рок ѕвезда, па доколку сте негови обожаватели имате причина да го посетите неговото родно место. Фреди обожуван од стрна на локалното население кое што живее на овој простор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг