Донирај парче облека и приклучи се на проектот „Копче“

Макфакс

16/05/2018

10:18

315

Големина на фонт

а а а

Скопје ќе се „збогати“ со една среќна приказна наречена „Копче“. „Копче“ е проект кој означува колективна свест, искрени намери и заедничка цел, а тоа е бесценето и вреди повеќе од сите материјални работи на светот.

Отворањето на „Копче“ ќе се одржи во 11 часот и секој кој чувствува потреба да направи добро дело, може да донесе парче облека и да присуствува.

На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2.000 лица во ризик на територија на град Скопје. Искуството и познавањето на потребите на луѓето на кои им помагаме од една страна и потенцијалот кои го имаме од другата страна овозможија да ја надополниме оваа програма со нови содржини кои ќе овозможат повисоко ниво на функционирање што ќе значи задоволување на поголем број на потреби на граѓаните.

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените.

„Копче“ ќе овозможува поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски примања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина. „Со продажбата на облека во „Копче“покрај самоодржливосат и унапредувањето на проектот кој е насочен кон навремено обезбедување на навремена и најсоодветна облека за лицата во ризик, дополнително ќе се олесни пристапот до облека со ниски цени за лицата со ниски примања, а дополнително тие лица и сите останати со купувањето ќе придонесуваат ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животната средина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг