Пред 30 години го шокирала целиот свет со спотот во базенот: Денес, на 50 години, изгледа уште подобро

Точка

16/05/2018

17:06

22.356

Големина на фонт

а а а

Еднаш одамна, во свет кој не бил како овој денешниот, луѓето наместо за Ким, Кајли, Бела и другите убавиците, се расправале за тоа чие деколте е поубаво - тоа на Саманта или тоа на Сабрина.

Ако сте пораснале во тоа време, сигурно знаете за што станува збор: прво се појавила бујната англиска блондинка Саманта Фокс, која не се срамела да ги покаже градите во британските таблоиди, а потоа дошол и страшен одговор од Италија, во вид на Сабрина Салерно. Одговорот бил со спот за песната "Boys", во кој убавата Италијанка во базен се бори со својот немирен костим за капење. 

Сабрина по оваа песна имала уште неколку хитови, но "Boys" единствен го преживеал тестот на времето, а и денес се слуша на некои забави.

Инаку, по успехот на песната "Boys" Сабрина долго се борела со депресија, а животот на село со семејството и донел мир. Неколку пати се обидела да се врати на сцената, а во 2010. година заедно со Саманта Фокс ја снимила песната "Call Me".

Еве како изгледа Сабрина денес:

Another story .. another song.. #studio #spanglish #spain #espanol #english #sabrinasalerno

A post shared by Sabrina Salerno (@sabrinasalernofficial) on

Gli ultimi allenamenti prima della #pasqua #sabrinasalerno #gym #😘

A post shared by Sabrina Salerno (@sabrinasalernofficial) on




Спонзорирани линкови

Маркетинг