Блискиот исток врие: Нетанјаху го избрка турскиот конзул и му порача на Ердоган - ти најдобро го разбираш тероризмот!

Точка

16/05/2018

15:07

5.836

Големина на фонт

а а а

Израел побара од турскиот генерален конзул во Ерусалим веднаш да ја напушти земјата, откако Ердоган и Нетанјаху јавно разменија опасни обвинувања.

Овој потег на официјален Ерусалим следуваше откако во текот на вчерашниот ден, турското министерство за надворешни работи одлучи да го протера израелскиот амбасадор во знак на протест поради употребата на голема сила од страна на израелската армија против насилните демонстранти во Појасот Газа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер порача дека Бенјамин Нетанјаху „ја има крвта на Палестинците на своите раце“.


Ердоган не го криеше своето незадоволство од реакцијата на израелската армија против демонстрантите кои што протестираа за време на отворањето на американската амбасада во Ерусалим и ја обвини еврејската држава за „геноцид“ над палестинското население.

Сепак, набрзо Нетанјаху му возврати на турскиот претседател преку соопштение во кое што порача дека „Ердоган е меѓу најголемите поддржувачи на Хамас и поради тоа нема сомнеж дека тој многу добро го разбира тероризмот и масакрот“.


Израелците го потсетија Ердоган дека тој „ја има крвта на Курдите на своите раце“, откако нареди агресија врз цивилното курдско население населено на југоистокот на Турција, но и на северот на Сирија.

„Му предлагам на Ердоган да не ми проповеда за морал“, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг