Шок во Кореја, Пјонгјанг го откажа самитот: Неизвесна е средбата помеѓу Трамп и Ким...

Точка

16/05/2018

09:38

4.062

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја го откажа самитот со Јужна Кореја и се закани дека ќе биде одложена и средбата помеѓу Ким Јонг Ун и Доналд Трамп.

Официјален Пјонгјанг се чини дека се откажува од својата намера да ги затопли односите со Јужна Кореја - откажан е самитот помеѓу двете Кореи на големо изненадување на Сеул, а севернокорејците се заканија дека можно е да биде откажана историската средба на Ким Јонг Ун и Доналд Трамп која што е закажана за 12-ти јуни во Сингапур.

Како што пренесуваат јужнокорејските медиуми, ваквиот потег на официјален Пјонгјанг следува поради планираните американски воени вежби со армијата на Јужна Кореја.


Најновите воени вежби кои што американската и јужнокорејската армија треба да ги одржат на северот од земјата, Северна Кореја ги смета за проба за инвазија на Северна Кореја и провокација додека Пјонгјанг се обидува да ги затопли односите со своите јужни соседи.

Новинската агенција "AFP" пренесува дека севернокорејските медиуми синоќа најавиле дека можно е откажување на долгоочекуваната средба помеѓу претседателите на Северна Кореја и САД, Ким Јонг Ун и Доналд Трамп.

Како што неодамна потврди самиот американски претседател на Твитер, средбата помеѓу него и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е закажана за 12-ти јуни и ќе биде одржана во Сингапур.

Двајцата лидери после воинствената реторика и меѓусебните опасни закани, конечно ќе седнат во „четири очи“ и ќе разговараат за денуклеаризација на Северна Кореја и можно воспоставување на дипломатски односи помеѓу двете земји, пренесуваат јужнокорејските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг