Не им беше доста крвавиот понеделник: Иако израелската армија ги предупредува, Палестинците повторно ги напаѓаат војниците

Точка

15/05/2018

16:50

3.902

Големина на фонт

а а а

Палестинците денес повторно се судрија со израелските војници на Западниот брег, само еден ден после крвавиот понеделник.

Само еден ден после еден од најцрните денови за Палестинците од 2014-та година кога на границата помеѓу Појасот Газа и Израел се судрија палестинските демонстранти и израелските вооружени сили, судир кој што резултираше со 60 загинати Палестинци и над 2 илјади повредени, палестинските демонстранти повторно ги напаѓаат израелските војници.

Иако израелската армија фрла летоци и ги предупредува Палестинците да протестираат мирно и да не се обидуваат да ја срушат заштитната ограда на границата, сепак насилните протести продолжуваат и денес.


На местото на судирите се издига густ чад од запалените гуми на палестинската страна од границата, додека пак Палестинците го користат чадот за да се приближат и да фрлаат камења и молотови коктели кон израелските војници, кои што засега се бранат само со употреба на солзавци.

Околу 200 Палестинци протестирале и во Витлеем, додека во Рамали се собрале уште 100 демонстранти.

Палестинците денес одбележуваат „Накба“, односно 70 години од масовното раселување за време на создавањето на државата Израел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг