Сите занемеле од нејзиниот изглед, но таа гордо позираше како да го направила најголемиот моден погодок

Точка

15/05/2018

16:58

10.412

Големина на фонт

а а а

Осмиот ден во Кан беше полн со изненадувања и дефинитивно шоу кое никој не го очекувал. За сето тоа е "виновна" манекенката Петра Немцова која ги занеми присутните со својот изглед на црвениот тепих.

Таа се појави на премиерата на филмот "BlacKkKlansman", а нејзиниот изглед привлече најголемо внимание со оглед на тоа дека ја покажа долната облека пред целиот свет. Петра Немцова многу често се појавува во провокативни изданија, односно го промовира длабокото деколте, па овој пат ги покажа и гаќичките. 


Петра се појави во свилена тоалета на преклоп и иако сметале дека ѝ се случи првиот пех со фустанот, овој начин на позирање ги увери присутните дека Петра го посакуваше токму тоа.


Нејзината долна облека блесна во беж боја, а таа позираше како да го направи најголемиот моден погодок во историјата. Сепак, се провлече низ трендовите за провокација и брзото привлекување на внимание иако модната ѕвезда сама по себе е провокација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг