Светот гледа во нуклеарниот полигон на Ким и не верува: Сателитски снимки разоткриле што навистина се случува таму

Точка

15/05/2018

16:58

10.104

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја почнала со ликвидацијата на нуклеарниот полигон Пунгје-ри, тврди американскиот сајт "38 North", повикувајќи се на сателитски снимки од 7. мај.

"Сателитските снимки од 7. мај наведуваат убедливи докази дека демонтирањето на полигонот за тестирање веќе оди во полна пареа", пишува весникот. 

Порталот тврди дека се урнати некои помошни згради. Демонтирани се и пруги за вагони.

Некои позначајни објекти, вклучувајќи ги двата најголеми - командниот центар и зградата на администрацијата - останале недопрени.

Влезовите во тунелите се уште отворени, што веројатно е поврзано со тоа дека на церемонијата за затворање на полигонот, која ќе биде одржана од 23-25. мај, ќе присуствуваат странски новинари и истата ќе вклучува рушење на сите полигони со експлозив и затворање не нивните влезови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг