Ердоган го обвини Израел за геноцид: Турција ги повлекува амбасадорите од САД и Израел

Точка

15/05/2018

12:37

4.404

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да ги повлече амабасадорите на својата земја од САД и Израел, обвинувајќи ги властите од Тел Авив за „државен терор“ и „геноцид“.

Оваа реакција на Ердоган доаѓа после вчерашните судири на границата помеѓу Израел и Појасот Газа, судири кои што резултираа со 58 убиени Палестинци и над 2,700 ранети.

Според информациите кои што ги пренесоа неколку турски медиуми, Реџеп Таип Ердоган ги повикал амбасадорите на консултации после вчерашните судири во Појасот Газа. Оваа одлука е донесена откако беше прогласеа тридневна жалост поради убивањето на 58-те Палестинци кои што насилно протестираа на границата со Израел поради отворањето на САД на амбасадата во Ерусалим.


„Турција на ова остро ќе одговори. Ги повлекуваме амбасадорите од Тел Авив и Вашингтон поради консултации. Исто така, ќе предложиме итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ќе разговараме со лидерите на многу земји“, изјави за "NTV" Ердоган кој што моментално се наоѓа во посета на Велика Британија.

Ердоган нагласил дека во Турција е прогласена тридневна жалост поради трагичните настани во Палестина. Сепак, иако порача дека „Турција ќе одговори остро“, сепак Ердоган не откри кои чекори ќе ги превземе и што Турција може да стори против големите сили како што се САД и Израел.

Исто така, во текот на вчерашниот ден Јужна Африка исто така го повлече својот амбасадор од Израел, а во соопштението беше напоменато дека одлуката за повлекување стапува на сила веднаш и таа ќе трае на неопределено.


Како што соопштија од Министерството за здравство на Палестина, 58 лица го загубиле животот во пресметките со израелските безбедносни сили, додека пак над 2,700 лица биле ранети.

Станува збор за најкрвавиот ден од почетокот на судирите помеѓу движењето Хамас од Палестина и израелските вооружени сили кои што ескалираа во 2014-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг