Тинос е островот кој припаѓа на архипелагот Киклада и се наоѓа на неговата северна страна. Тоа е идеално место за опуштени семејни одмори, со оглед на тоа дека поседува преубави мирни песочни плажи и фантастични капацитети за сместување.
Традиционалните села се сместени во средиштето на самиот остров и поседуваат живописна архитектура, а најпознатиот е Пиргос со долга традиција на правење мермерни скулптури.
Од ова место потекнуваат познатите вајари и скулптури Гизис, Литрас, Калепас, Филипотис и Сокос...според легендата, познатиот скулптор од древното време, Фидија, ги пренел своите тајни кон локалното население.
Куќите се како и на останатите острови во Киклада, бели со сини прозорци и врати, а најубавите села кои морате да ги посетите се Агапи, Арнадос, Волакс, Калони, Коми и Пиргос. Можеби овој остров ќе Ве потсети на Миконос, со оглед на тоа дека и Тинос има свој заштитен знак - пеликан кој ги пресретнува туристите и ветерниците.
Овој остров има свои заштитници и толку е убаво што грчкиот филозоф Корнелиус Касторијадис, Тинос го нарекол "handmade" остров со оглед на тоа дека многубројни скулптори на мермер, направиле уметност од секоја порта, фонтана или врата.
Плажите на островот се необјасниво преубави и некои од најпознатите се Агија Таласа, Агија Киријаки, Агиос Ромарос и Агиос Петрос.