Овој човек спасил 2 милиони деца: Џејмс има редок тип на крвта поради која 63 години несебично помагал

Точка

12/05/2018

12:41

5.965

Големина на фонт

а а а

Доброволниот дарител на крв во Австралија, кој благодарение на реткиот тип на крвта спасил, како што се верува, повеќе од 2 милиони неродени деца на кои им бил потребен анти-Д имуноглобин, во петокот во Сиднеј за последен пат дал крв.

81-годишниот Џејмс Харисон упорно давал крв во текот на 63 години. 

Окружен со мајките и нивните бебиња, Џејмс Харисон и ја подал на медицинската сестра "златната рака" за последен пат да му извади крв, посебна по тоа што константно произведува високи количини на антитела, кои се важни за производството на анти-Д инекции.

Од неговата плазма се произведува анти-Д имуноглобин, кој се дава на РХ-негативни мајки по раѓањето на РХ-позитивно дете, со што се спречува развој на РХ противтела.

Мајките и децата понекогаш немаат компатибилни обележја на крвта, како што е случај кога децата се РХ-позитивни, а мајките РХ-негативни.

По раѓањето на РХ-позитивното дете, РХ-негативната мајка добива инекција анти-Д имуноглобин, за да се спречи создавање на противтела кои би ги нападнале црвените крвни зрнца кај РХ-позитивните деца во следните бремености.

Донациите на Харисон им помогнале на австралиските мајки, повеќе од 2 милиони од нив, на свет безбедно да ги донесат своите бебиња, објавил Црвениот крст.

Харисон инспирацијата за доброволно давање на крв ја добил кога имал 15 години, кога биле потребни 13 литри крв за една голема операција. Тоа го навело да почне да дава крв кога наполнил 18 години, многу пред научниците да откријат ретката комбинација на РХ-негативната крв и анти-Д антителата во неговата крв.




Спонзорирани линкови

Маркетинг