Австралискиот научник "убиен" во швајцарска болница: Докторите шокирани од неговите последни зборови! Никогаш не слушнале ништо слично

Точка

11/05/2018

16:55

22.140

Големина на фонт

а а а

Австралискиот научник Дејвид Гудал вчера ставил крај на својот живот со медицинска помош во клиника во Швајцарија. Умрел мирно во 12:30 часот во Базел.

Починал со звуците на "Ода на Радоста" додека лекарите му ја вбризгувале смртоносната доза на лекови. Гудал бил окружен со семејството. Научникот на денот на својата смрт покажал голема желба конечно "да замине од овој свет". Додека неговото семејство пополнувало формулари, овој 104-годишен научник константно приговарал. 

"Што чекаме? Ќе почнеме ли веќе", велел Гудал.

Неговите последни моменти ги опишал доктор Филип Ничке. Пред вбризгувањето на смртоносната инекција лекарот му поставил четири прашања на Гудал: како се вика, датум на раѓање, зошто дошол во клиниката и на што се надева по смртта. Последниот одговор ги шокирал сите.

"Само се надевам дека срцето ќе ми застане".

По внесувањето на инекцијата сите чекале Гудал да потоне во вечен сон, но на него и таа процедура му изгледала предолга, па ги праша лекарите: "Колку долго ќе трае ова?".

Тоа биле последните зборови на Гудал, кој починал по неколку секунди.

"Никогаш не сум слушнал ништо слично, но господинот изгледа беше многу нетрпелив", рекол лекарот и додал дека последната желба на Гудал била исполнета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг