5 вида на храна за совршено тело на плажа

Точка

09/05/2018

18:00

7.755

Големина на фонт

а а а

Храната покрај тоа што е неопходна, за повеќето таа претставува уживање и задоволство. Без разлика дали сте гурман или не, во убавата храна како оваа за која зборуваме денес, уживаме сите. Можеби ќе помислите дека е невозможно, но ние ќе ви докажеме дека токму со овој начин на исхрана може да дојдете до совршено тело за летните денови кои ни претстојат.


Со наближувањето на летните одмори, се повеќе ни се врти мислата низ глава за тоа како ќе изгледаме во нашите костими за капење. Повеќето од вас ќе се обидат да употребат некои строги диети, други ќе гладуваат, а некои пак ќе го минуваат секое слободно време во теретана. Нема потреба од толкава мака и стрес, ние ќе ви предложиме неколку вида храна во која ќе уживате и со која ќе дојдете до посакуваниот резултат.

Протеински шејк


Еден од најубавите начини да го започнете денот е наутро за појадок да консумирате протеински шејк. Најчесто шејковите кои ги правиме дома или оние кои ги купуваме се базираат на повеќе јаглехидрати отколку протеини. Сепак, со внесот на јаглехидрати ние не му дозволуваме на телото да се ослободува од вишокот килограми и го успоруваме процесот на слабеење. Pro-Fit шејковите се базираат на многу високо количество на протеин и многу малку јаглехидрати. Еден шејк од Pro-Fit е одличен оброк со кој ќе внесете 16-18 г. протеин и ќе го поттикнете вашиот метаболизам.

Протеински бисквити


Бисквитите секогаш ги ставаме во кош со храната која содржи многу јаглехидрати бидејќи оние класични бисквити кои ги купуваме содржат многу шеќери кои се неповолни за нас. Pro-Fit бисквитите се базираат на висок процент на протеини и се сосем поразлични од бисквитите кои всушност треба да ги избегнуваме доколку се стремиме кон тоа да се ослободиме од вишокот килограми. Pro-Fit бисквитите се вкусната ужинка во која можете да уживате во секој период од денот и патем да слабеете.

Супа


Супите со вкус на печурки, аспарагус или можеби пилешката супа, се лесен оброк кој може да го консумирате како ручек или вечера. Како и другите продукти на Pro-Fit, така и супите содржат висок процент на протеини кој покрај тоа што ги задоволува нутритивните потреби на вашиот организам, исто така ја намалува потребата за повеќе храна и не ве остава да гладувате.

Чоколаден пудинг


Колку и да звучи нереално дека чоколаден пудинг може да биде здрав оброк и не само здрав туку и храна која ќе ви помогне во процесот на слабеење, чоколадниот пудинг од Pro-Fit е еден од најслатките оброци кои ќе ве доведат до совршеното тело кое го посакувате. Ова слатко задоволство ќе ви замени еден оброк во денот и ќе ви овозможи да внесете онолку протеини колку што би консумирале и со друг оброк кој се базира на високо количество на протеин, како јајца или месо. Разликата и предноста на овој пудинг е тоа што е повкусен од онаа протеинска храна која ја јадеме секојдневно и можете да го носите секаде со себе. Подготовката е многу едноставна. Се што ви е потребно е вода и шише или шејќер во кој може да го растворите и voilà, вашиот пудинг е подготвен.

Сладолед


Совршено време да се разладите и да се заблажите со овој десерт кој е омилен кај сите генерации, од најмлади до најстари. Сладоледот на Pro-Fit, еден од најновите производи од асортиманот кој го нудат, е совршен оброк во кој може да уживате во топлите денови кои ни следат. Како и сите други, така и овој продукт на Pro-Fit содржи висок процент на протеини, ќе ви помогне во процесот на слабеење и ќе ви биде вкусен како и секој сладолед кој би го купиле во слаткарниците или маркетите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг