По деветдневна потрага пронајден и вториот косовски полицаец во Лепенец

Макфакс

07/05/2018

20:31

3.377

Големина на фонт

а а а

Спасувачките екипи на Косово, по деветдневна потрага во водите на Лепенец денеска го пронајдоа и телото на вториот исчезнат полицаец, Арменд Трена. Според Специјалната единица за спасување на Безбедносните сили на Косово, телото било пронајдено попладнево на шест километри од местото на несреќата.

Претходно на 3 мај, спасителите го пронајдоа телото на полицаецот Малесор Даши (26), кое беше лоцирано на пет километри од местото на несреќата.


Двајцата полицајци Арменд Трена (23) и Малсор Даши (26) се водеа како исчезнати од 28 април, околи 21 часот, кога нивното службено возило од непознати причини излета од автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник во реката Лепенец. Двајцата полицајци се дел од Полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг