Најмногу дожд наврна во Маврово, Претор и Лазарополе

Макфакс

04/05/2018

21:59

1.286

Големина на фонт

а а а

Најмногу дожд денеска наврна во Маврово, Претор, Лазарополе и Виница. Попладне најпрвин во југозападните делови имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Подоцна нестабилноста се прошири и во северозападните, како и во североисточните делови од земјата.

Дуваше умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час.

Најтопло беше во Гевгелија – 32 степени, а најладно во Лазарополе – 18 и Маврово – 17 степени.

Во вечерните часови во западните делови сè уште ќе има локални врнежи од дожд, а во југоисточните ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг