Мане го испрати првото предупредување до Реал пред големото финале во ЛШ

Дерби

04/05/2018

15:29

1.764

Големина на фонт

а а а

Фановите на Ливерпул и Реал Мадрид веќе со црвена линија го имаат подвлечено датумот 26 мај, денот кога ќе се одигра големото финале во Лигата на шампионите на кое оваа година домаќин е градот Киев.

Реал Мадрид како двократен европски шампион едно по друго ќе се обиде да стигне до историски хет-трик во најелитното фудбалско натпреварување, додека Ливерпул во Украина ќе ја брка својата шеста титула во Лигата на шампионите, турнир кој последен пат го освои под водство на Рафаел Бенитез во 2005 година.

Фудбалерите на Ливерпул дефинитивно ќе треба да одиграат перфектен натпревар за да стигнат до посакуванта цел, но еден од најдобрите играчи во тимот на Јирген Клоп сега испрати предупредување до Реал Мадрид, нагласувајќи дека тие не се плашат од никого.

– Многу го почитуваме Реал Мадрид, станува збор за еден од најдобрите тимови во свеотот, но ние сме Ливерпул. Ние сме силни, можеме да го победиме било кој тим во светот, веруваме во тоа. Веруваме дека ќе отидеме во Киев и дека ќе ги победиме. Во Киев ќе се бориме за фановите, за клубот и ќе играме без страв за победа во финалето. Имаме фантастични играчи, знаеме дека можеме да постигнуваме голови и тоа го докажавме оваа сезона. Нема од што да се плашиме во финалето, – порачува Садио Мане во изјава за „Ливерпул ехо“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг