Фудбалер на Ливерпул со пласманот во финалето на ЛШ испиша филмско сценарио: Пред неколку години бараше работа преку интернет

Дерби

04/05/2018

11:48

1.819

Големина на фонт

а а а

Навидум скромно момче кое пред неколку години бараше работа преку интернет и наеднаш успеа да прерасне во фудбалска ѕвезда. Тоа е филмската приказна за фудбалерот на Ливерпул, Ендрју Робертсон пред кој го чека финален натпревар од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

Шкотланѓанецот кој кариерата ја почна во нисколигашот Квинс Парк и подоцна премина во Данди Јунајтед, и во 2014 година да продолжи со одличните игри во Хал Сити за да падне во очи на управата на Ливерпул, доволно говори за каква големина на фудбалер станува збор.

Но, една работа уште повеќе ја потврдува тежината на оваа филмска приказна, кога овој фудбалер, кој нагалено го викаат Енди, на социјалните мрежи во 2012 година напиша:

– Во овие години, животот без пари е катастрофа, – се уште стои натписот на социјалните мрежи, на кој јавноста му честита за личниот успех и успехот на Ливерпул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг