Гола прави "стој на раце" и го дои своето бебе: "Оваа вежба ме направи подобар родител"

Точка

04/05/2018

11:46

18.441

Големина на фонт

а а а

30 годишната Карли Бенер од Тексас стекнала огромен број следбеници на Инстаграм благодарејќи на фотографиите на кои го дои своето бебе додека вежба јога. Мајката на три деца се претставува како мултитаскинг личност, која е спосoбна да прави повеќе работи од еднаш.

Тоа го докажа со неверојатната видео снимка на која го дои своето 19 месечно бебе и истовремено прави стој на раце.

Нејзината објава предизвика големо внимание, а поголемиот дел од корисниците на Интернет и` се восхитуваат на мајката која изведува вистинска уметност.

Карли објаснува дека со јога започнала да се занимава откако го роди второто дете кога и` се појавила силна депресија.

“Благодарејќи на јогата станав подобар родител, односно мајка каква што секогаш сакав да бидам. Секојдневното изведување на јога ми помогна да станам пожртвувана и пострплива, а овие лекции сега им ги пренесувам и на моите деца”, вели таа.


“Додека бев бремена постојано вежбав јога, обожувам кога вежбам. Моите деца се прилагодени на овие движења и сосема добро се вклопуваат во рутината за доње и истовремено вежбање. Не можев да се снајдам на друг начин, имам многу обврски околу децата, а на овој начин учествуваат и тие”, рекла мајката од Тексас која нема во план да престане да го промовира овој начин на живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг