Викендов облачно време со врнежи од дожд

Макфакс

03/05/2018

23:09

1.013

Големина на фонт

а а а

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови, соопшти УХМР. Поизразена нестабилност ќе има за време на деновите од викендот.

Времето утре претпладне ќе биде сончево, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне со умерена облачност и услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 28 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг