Кин го даде првото предвидување за финалето во Лигата на шампиони

Дерби

03/05/2018

19:01

2.110

Големина на фонт

а а а

Ливерпул ќе биде претставник на Англија во големото финале во Лигата на шампионите кое ќе се одигра на 26 мај во Киев, а додека јавноста на Островот почнува да ги спроедува силните и слабите страни на тимот од Јирген Клоп и оној на Зинедин Зидан, со прва прогноза за тоа што ќе се случува на завршниот меч излезе легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.

Неповторливиот играч за врска кој важеше за вистински кошмар за противниците даде стручен коментар за телевизијата „ITV“, односно ирскиот национален сервис кој врши премиерно пренос на натпреварите во Лигата на шампионите. Според Кин, Ливерпул заслужено се наоѓа во финалето, но за таму прогнозира победа на Реал Мадрид поради квалитетот, а воедно и неискуството кај дел од играчите на Ливерпул.

– Кога победувате на фудбалски меч секогаш сатисфакцијата е многу голема, уште повеќе кога играте добро. Но, за мене, идентично убаво е кога играте лошо и го остварувате посакуваниот резултат. Тоа се случи со Ливерпул во Рим, но тие се таму каде што се благодарение на тоа што го остварија претходно. Сепак, Реал Мадрид се разликува од Ливерпул по една единствена работа, а тоа е квалитетот кој го поседува. Тие имаат вистински квалитет на сите позиции и затоа мислам дека тие ќе победат во финалето. Може да го анализираме Реал и да пронајдеме „дупки“ во нивната игра, но мислам дека за Ливерпул важи истото, па и повеќе. Младиот десен бек на Ливерпул имаше ноќна мора против Рома, голманот беше лош. Мислам дека Реал Мадрид ќе ги трие рацете од такви ситни детали, – порачува Кин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг