Клоп признава: Имавме среќа

Точка

03/05/2018

10:04

1.411

Големина на фонт

а а а

Рома славеше со 4:2 на реванш натпреварот против Ливерпул и на Римјаните им недостигаше само еден гол за да се изборат за продолженија, но сепак немаше време за такво нешто.

„Ова е 100% финале за Шон Кокс (навивачот на Ливерпул кој што се наоѓа во кома). Го рековме тоа и пред натпреварот, а сега сме во финалето. Сите наши молитви се со него. Денес имавме среќа, свесни сме за тоа. Рома е многу силен тим. Го имавме тоа што го посакувавме во првиот дел, ги смиривме затоа што водевме со 2:1, се беше добро“, изјави Јирген Клоп и додаде:

„Што можам да кажам за финалето? Мора да играме многу подобро од вечерва, а добри вести се тоа што ние навистина можеме да играме многу подобро од вечерва“, изјави Јирген Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг