Ново гол шоу: Рома достоинствено се прости од ЛШ, Ливерпул ќе игра за шестата титула

Дерби

02/05/2018

22:56

2.203

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Ливерпул е противникот на Реал Мадрид во големото финале на Лигата на шампионите кое годинава ќе се одржи на 26 мај во Киев.

Клубот од „Енфилд Роуд“ вечерва загуби на гостувањето кај Рома со 4-2, но благодарение на победата на првата средба од 5-2 обезбеди пласман во завршниот меч во елитното натпреварување и ќе ја брка шестата титула во ова натпреварување. Имено вечерашната средба на „Олимпико“ уште во првите 25 минути донесе три голови и водство за гостите од 2-1.

Мане во 9 минута стрелаше на 1-0, но „волчицата“ благодарение на автоголот на Милнер во 15 го израмни резултатот. Сепак четата на Клоп зададе нов удар 10 минути подоцна кога Вајналдум најдобро се снајде во казнениот простор и со глава го матираше Алисон.

Со овој резултат се замина на паузата за да во 52 минута нова надеж за Рома даде Един Џеко. Потоа домаќините притискаа, амам нивната иницијатива не вроди со плод се до самиот финиш кога Наинголан во 86 погоди од далечина за 3-2, а во судиското продолжение истиот играч со удар од 11 метри го постави конечниот резултат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг