Шекеринска положи венец на гробот на непознатиот војник

Макфакс

02/05/2018

22:03

1.231

Големина на фонт

а а а

Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска, официјалната посета на САД ја заокружи со полагање венец на гробот на непознатиот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон“.

Шекеринска во рамки на посетата на САД го посети и Меморијалниот центар на националните гробишта „Арлингтон“, каде што подари плакета во чест на загинатите американски војници.


Во текот на официјалната посета беше потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Шекеринска се сретна со американскиот колега Матис, кој ја реафирмираше американската поддршка за членството на Македонија во НАТО, а имаше и средби со високи официјални претставници на Белата куќа, Стејт департментот, Конгресот и Сенатот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг