Карагер го издвои најдобриот играч во Ливерпул: Салах е неверојатен, но…

Дерби

02/05/2018

20:46

2.468

Големина на фонт

а а а

Џејми Карагер доби суспензија до крајот на сезоната од „Скај Спортс“ поради недоличниот потег и срамно однесување кое го имаше со едно малолетно девојче по финишот на големото дерби меѓу Јунајтед и Ливерпул, па затоа сега го искористи последното интервју за специјализираниот фудбалски портал „Гол“, за да даде една своја изјава за актуелните случувања во Ливерпул после подолго време.

Легендарниот стопер на „црвените“ покрај впечатоците од првиот меч меѓу Ливерпул и Рома, излезе и со свој искрен став околу тоа кој е негов омилен играч во тимот на Јирген Клоп, посебно ставајќи акцент на Роберто Фирмино кој пред неколку дена го продолжи договорот со клубот.

– Јас го обожавам Фирмино, тој е мојот омилен играч во Ливерпул. Тоа што го прави Салах е неверојатно, но според мене, Фирмино е најдобар. Уживам да го гледам како игра, неговиот прв допир неговата сила, неговата желба да се враќа назад и да помага. Не можам да поверувам дека некои се уште мислат дека ни е потребен нов централен напаѓач, – порачува Карагер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг