Клоп: После Фирмино, сакам и другите играчи да потпишат нови договори

Точка

02/05/2018

11:07

818

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е воодушевен од тоа што Роберто Фирмино потпиша нов договор со екипата на Ливерпул.

Клоп најави дека Бразилецот е првиот, но не и последниот играч на Ливерпул кој ќе ја продолжи верноста со клубот од „Енфилд“.

„Тоа се неверојатно добри вести за нас. Станува збор за исклучително важен чекор за нас. Апсолутно. Но, дури ни Роберто не може да игра сам. Сакам и другите играчи да потпишат нови договори“, изјави Клоп и додаде:

„Во секој момент, секој играч знае какви се нашите планови. Фирмино е првиот играч кој што потпиша нов договор, но сигурно нема да биде последниот“, изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг