Наинголан пред реваншот против Ливерпул: Тешко е, но не и невозможно

Точка

02/05/2018

10:04

837

Големина на фонт

а а а

Рома и Ливерпул вечерва на „Олимпико“ во Рим ќе го одиграат реванш дуелот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

На првиот дуел на „Енфилд“, Ливерпул славеше со 5:2, но и покрај убедливиот пораз, Римјаните веруваат во ново чудо и пласман во големото финале.

„Тешко е, но не и невозможно. Направивме таков пресврт против Барселона, против Меси и Суарез кои што едвај имаа и шут кон голот. Ќе се обидеме да направиме уште еден историски подвиг“, изјави Наинголан.

Реваншот е закажан за вечерва во 20:45 часот, по што ќе го дознаеме вториот патник во финалето од Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг