Американски генерал го кренал Сенатот на нозе: Нашите бази се беспомошни пред руското и кинеското оружје

Точка

26/04/2018

19:01

4.711

Големина на фонт

а а а

Командантот на американските маринци, генералот Роберт Нелер, на сослушувањето во Сенатот изјавил дека американските сили во странство се во прилично незавидна позиција.

Според неговите зборови, базите во кои се разместени ширум светот, немаат доволно добра воздушна одбрана, што ја минимизира нивната можност да спроведуваат борбени дејства. 

Како што објаснил, причина за тоа е развојот на вооружувањето со висока прецизност и далечниот дострел на најголемите американски конкуренти - Русија, Кина, Северна Кореја и Иран.

"Мораме да ја засилиме одбраната во тие бази, да ја зголемиме можноста за брза поправка на авио-базите и да ги модернизираме системите за противоздушна одбрана", рекол генералот.

Нелер додал и дека САД не можат повеќе да се придржуваат до оние воени концепти кои се засновани на неоспорната контрола на морињата.

Претходно шефот на стратешката команда на Пентагон, Џо Хајтен, изјавил дека американските сили биле набљудувачи на руските и кинеските тестирања на разни типови на ракети.

"Вие морате да му верувате на рускито претседател Владимир Путин кога зборува за тоа на какво оружје работи", предупредил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг