Турски медиуми: Ердоган на митинг во Сараево

Макфакс

26/04/2018

10:40

929

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 20 мај во Сараево ќе одржи голем предизборен митинг, пишуваат турските медиуми.

Според нивните извори, Ердоган ќе се состане со 10 000 турски државјани кои живеат во Босна и Херцеговина и кои ќе пристигнат и од други европски земји.

Ердоган првично планирал митинг во Германија со оглед на тоа дека таму живеат најголем број турски државјани од сите земји во Европа, но не добил дозвола, а истото го доживеал и во Австрија, по што било одлучено предизборниот собир да се одржи во Сараево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг