Русите ги претставија доказите: Ова е непобитен доказ дека акцијата на САД во Сирија беше целосно промашување

Точка

26/04/2018

13:09

9.677

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана на Русија ги претстави деловите од проектилите кои што, како што велат, биле лансирани кон Сирија од страна на армиите на САД, Велика Британија и Франција.

Остатоците од проектилите на кои што може да се забележат дупки ги негираат тврдењата на САД и сојузниците дека сите лансирани крстосувачки ракети ги погодиле метите во Сирија.

На брифингот за новинарите Русите претставија опсежна анализа на нападот на Сирија кој што на 14-ти април го изведоа вооружените сили на САД, Велика Британија и Франција. Доказите кои што вклучуваат фрагменти од проектилите, докажуваат дека само 25 мети биле погодени, а не 105 како што тврдат САД и сојузниците.


Тоа не значи дека целите кои што ги поставиле вооружените сили на САД, Велика Британија и Франција не биле елиминирани, туку дека голем дел од проектилите биле соборени од против-воздушната одбрана на сириската армија.

На брифингот беше претставена цела „колекција“ на фрагменти од проектили кои што се означени како „американски“ и „европски“, а биле собрани од страна на припадниците на сириската армија во Сирија, откако претходно биле соборени.


Главна цел на нападот на САД и сојузниците на 14-ти април бил Центарот за истражување во Дамаск кој што факт е дека беше срамнет со земја, но иако Пентагон тврди дека Центарот бил погоден со 76 проектили, Русите тврдат дека станува збор за само 13 успешни погодоци.

„Доколку веруваме на извештаите од Западот, оваа релативно мала мета би требало да биде погодена со 8 тони експлозив, но направената штета е значително помала за разлика од очекувањата кога се бомбардира со такви размери“, открија високи функционери од руското Министерство за одбрана.

Кога станува збор за останатите 63 проектили, се верува дека против-воздушната одбрана на сириската армија пресретнала 46 од нив.

Генералот Сергеј Рудској откри дека се анализираат и останатите две погодени подрачја, од кои едно е воено складиште во близина на Хомс. Според резултатите од истрагата на Русите, Американците тврдат дека складиштето било погодено од 22 проектили, но Русите тврдат дека било погодено од само 7.



Спонзорирани линкови

Маркетинг