Талибанците не се предаваат: Најавена е нова офанзива - приоритет е убивање и киднапирање на Американци

Точка

25/04/2018

16:01

1.655

Големина на фонт

а а а

Талибанците во соопштението објавено на интернет порачуваат дека нивната нова офанзива ќе сконцентрирана кон кршење, убивање и киднапирање на „американските освојувачи“.

Додека ова ќе биде првиот приоритет во новата најавена офанзива на Талибанците во Авганистан, убивањето на „внатрешните поддржувачи на САД“, како што се авганистанската влада и авганистанските војници, ќе е сметаат за втор приоритет.

Се чини дека новата офанзива на Талибанците ќе биде одговор на последната американска стратегија спроведена во Авганистан, која што вклучува зголемување на присуството на американските војници во оваа централноазиска држава, по наредба на претседателот Доналд Трамп.


Талибанците денес ги обвинија Соединетите Американски Држави и авганистанската влада дека го саботираат мирот, поддржувајќи војна, со тоа што американските сили ќе останат во воените бази ширум Авганистан.

И покрај тоа што американските и авганистанските власти досега во неколку наврати се обидуваа да ги доведат Талибанците на преговарачка маса, милитантите се уште ја немаат прифатено мировната понуад со која што најверојатно ќе биде ставен крај на конфликтот кој што трае неколку децении.


Според милитантите, меѓународниот сојуз во Авганистан претставува инвазија на нивната држава, а авганистанската влада е марионета на Соединетите Американски Држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг