Борисов: Да ѝ помогнеме на Србија да влезе во ЕУ

Макфакс

24/04/2018

20:49

1.454

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, нагласи дека неговата земја, заедно со Романија и Грција, треба да ѝ помогнат на Србија да стане членка на ЕУ. Ова тој го порача за време на средбата на Советот за соработка на високо ниво помеѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција.

Третата средба помеѓу четворицата лидери се одржа во Букурешт, а нејзин домаќин беше премиерката на Романија, Виорика Данцила.

Фокусот беше ставен на развојот на инфраструктурата во регионот, како и зголемување на растот на економиите на Балканот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг