Заев не верува дека спорот за името ќе се реши за две недели

Макфакс

24/04/2018

20:04

1.147

Големина на фонт

а а а

Посакувам, но не верувам, дека спорот за името со Грција ќе биде решен за две недели, изјави премиерот Зоран Заев коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека Скопје и Атина може да се договорат во следните 15 дена.

„Убаво е за две недели да го решиме, тоа ќе значи почеток на автоматската покана за НАТО третата недела од денеска преку ратификацијата во земјите членки. Но, верувам дека се работи за недели пред нас и мислам дека две недели се премалку“, рече Заев на заедничката прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон.

Тој потсети дека утре ќе остварат средба министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, па речиси, како што рече, познато е како ќе се разговара и до каде очекуваат да завршат.

„Генерално, тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската Унија затоа што сигурни сме дека ако имаме решение дотогаш, покрај тоа што заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гаранции оти ќе добиеме датум за преговори“, рече Заев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг