Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Сарај, Ѓорче Петров и Гази Баба.
Од 8 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Радуша, Дворце, Орашје, Кондово, Кучково, Грачани, Караулата„ Чашка“ и викенд-населбата „Веле Поле“.
Прекин во електричната енергија од 8 до 10.30 часот ќе има и во домаќинствата во село Стајковци, поточно во околината на фирмата „Оли шпед“, во општина Гази Баба.