Пет начини да ги држите под контрола пролетните алергии

Точка

24/04/2018

20:54

4.173

Големина на фонт

а а а

Сезонските алергии се проблем за милиони луѓе ширум светот. Со оглед на тоа дека со пролетта доаѓаат поблаги временски услови, се ослободуваат алергени. Дрвјата, тревата и плевелите се некои од најчестите предизвикувачи на алергии кога сте надвор, а околу 30 проценти од населението во светот страда од нивните последици.

За справување со сезонските алергии најчесто се користат лекови пропишани од страна на лекар, но експертите посочуваат дека постојат совети на кои треба да се придржувате заради ублажување на овие симптоми.

Туширајте се навечер


Експертите велат дека туширањето во вечерните часови може да го направи спиењето многу попријатно за луѓето со алергии. Миењето на полен од кожата и косата ги задржува алергените подалеку од постелнината и перницата.

Не излегувајте наутро


Во утринските часови, меѓу 5 и 10 часот концентрацијата на полен во воздухот е највисока, па лекарите советуваат, ако е можно, да избегнувате излегување во тој период. Најдобро е да се излезе по силен дожд, бидејќи го отстранува поленот од воздухот. Луѓето кои страдаат од алергии имаат најмногу проблеми кога е суво, топло и ветровито.

Прочистете го воздухот во собата


Затворете ги вратите и прозорците во домот или прозорците на автомобилот кога има висока концентрација на полен. Вклучете климатизер во автомобилот, а во домот, користете прочистувач за воздух и често смукајте.

Избегнувајте некои врсти храна


Ова особено се однесува на суровата храна и свежо овошје, бидејќи на некои луѓе од тоа ги чеша устата.

Облечете се адекватно кога излегувате надвор


Носете голема шапка и очила за сонце за да можете да ги чувате очите од поленот. Некои луѓе, исто така, треба да носат маски ако излегуваат надвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг