Научниците открија дека Уран смрди на расипани јајца

Точка

24/04/2018

19:50

7.701

Големина на фонт

а а а

Долго време, научниците верувале дека атмосферата на Уран е полна со водород сулфид или амонијак, а сега тие го потврдија тоа. Поради водород сулфидот целата планета мириса на расипани јајца.

„Да сте во можност да го вдишите воздухот на Уран, нема убаво да си поминете, бидејќи атмосферата на оваа далечна планета има мирис на расипани јајца, а главната причина за тоа е водород сулфид”, се шегуваше Патрик Ирвин од универзитетот Оксфорд.


Научниците долго време дебатираа за присуството на овој гас во атмосферата на Уран, но благодарение на мерењата на телескопот на Хаваи, сега го добија и првиот доказ, бидејќи гасот го забележале во неговите облаци, пренесува Би-би-си, додавајќи дека ова откритие може да игра голема улога во начинот на формирање на надворешните планети на Сончевиот систем.

Иако и претходно го мереа со телескопи од Земјата, а исто така беше снимен и од Војаџер 2, составот на Уран не беше познат. Се верувало дека густата атмосфера на Уран е исполнета со водород сулфид (H2S) или амонијак (NH3), но немаше докази.


Сега со телескопот ја раздвоиле инфрацрвената светлина од Уран на составни делови, што им овозможило да откријат кои гасови ја апсорбираат светлина од сонцето и да го потврдат присуството на водород сулфид, се вели во студијата.

Од друга страна, гасните џинови Јупитер и Сатурн главно се состојат од амонијак.

„Гушењето и изложеноста на температура од минус 200 целзиусови степени во атмосферата, која е главно составена од водород, хелиум и метан ќе го земат својот данок многу побрзо од мирисот”, продолжи Патрик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг