Британските медиуми пишуваат дека Кејт Мидлтон со тоалетата која ја носела за време на претставувањето на новородениот син и оддала почит на принцезата Дајана.
Имено, Кејт пред лондонското родилиште се појавила во црвена тоалета со бел околувратник, а токму таа била комбинацијата на бои во која болницата ја напуштила и принцезата Дајана откако го родила принцот Хари во 1984. година.
Тоалетата која ја носела Кејт ја потпишува Џени Пекам, додека Дајана во сега веќе далечната 1884. година носела долг капут на "Јан Ван Велден", под кој се гледала бела маица.
Инаку, до 1982. година и раѓањето на принцот Вилијам, членките на британската кралска палата се пораѓале во приватноста на кралската палата и не морале да се појават пред камерите со недели по породувањето. Меѓутоа, принцезата Дајана го немала тој луксуз, таа морала да стои пред камерите еден ден откако го родила Вилијам, и ден откако го родила Хари.
Слична "судбина" имала и Кејт. Таа во јавност се појавила само 24 часа откако го родила Џорџ, само десет часа откако ја родила Шарлот, и само седум часа откако го родила и третиот син, чие име не е објавено.