Саудијците полуделе поради ликрата: Затвориле теретана бидејќи девојка вежбала во хеланки!

Точка

24/04/2018

16:22

5.889

Големина на фонт

а а а

Саудиските власти затвориле женска теретана во Ријад, поради непримерна промотивна снимка во која гологлава девојка вежба облечена во хеланки.

"Ова нема да го толерираме", истакнал преку Твитер високиот саудиски службеник Турки Ал Шеик, кој наредил теретаната да се затвори. 

Шеикот, кој е советник на се помоќниот принц-престолонаследник Мухамед бин Салман, исто така подвлекол дека сите кои стојат зад снимката ќе бидат уапсени.

Снимката, која брзо се проширила на социјалните мрежи, прикажува жена која не носи бурка во теретана, и удира во боксерска вреќа.

Во официјалното соопштение властите истакнуваат дека снимката содржи сцени кои се спротивни на јавниот морал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг