Осумнаесет жртви при подметнат пожар во караоке-бар во Кина

Макфакс

24/04/2018

15:08

692

Големина на фонт

а а а

Најмалку 18 лица загинаа, а петмина се повредени во подметнат пожар во караоке-бар на југот од Кина, а тамошната полиција соопшти дека го уапсила осомничениот.

Станува збор за 32-годишниот Лиу Чунлу, кој бил уапсен кратко време откако властите понудиле награда од 32.000 долари за информации за локацијата на кој тој се наоѓа. Полицијата во градот Чинџуан објави дека осомничениот, исто така, претрпел изгореници, но не го обелодени мотивот за подметнување на пожарот.

Кинеската телевизија јави дека Лиу го предизвикал пожарот по расправија во караоке-барот, лоциран во трикатна зграда. Осомничениот го блокирал единствениот излез од барот и потоа го запалил.

Полицијата, пожарникарите и здравствените служби добиле итен повик некаде по полноќ. Пожарот бил изгаснат за половина час, а повредените биле префрлени во болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг