Иако сеуште не потпишал нов договор со Мерцедес, но Луис Хамилтон вели дека сака да го одведе својот тим на највисоко ниво и навистина да ги вознемири црвените болиди.
Хамилтон, кој ја извозе својата 100та трка за Мерцедес во Бахреин, сеуште не го потврдил продолжувањето на својата иднина со тимот, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Четирикратниот шампион појасни дека не преговарал со други екипи, а што се однесува до неговата иднина, тој го истакна следното:
„Мојата надеж, за иднината, е да продолжам да се надоградувам, да се подобрам и да одам напред. Очигледно, да ја изградам нашата соработка. Но навистина сакам оваа екипа да ја однесам на следното ниво.
Сакам да бидам дел од патешествието каде што Мерцедес ќе стане најуспешна Формула 1 екипа во историјата.
Сакам да бидам подобар од било кога, а со колку имам уште во себе како тркач, сакам останатите да им треба многу, многу време да ме стигнат. Сакам навистина да ги вознемирам црвените болиди, тоа е мојата цел“, изјави Хамилтон.
Луис исто така го даде својот коментар зошто бил убеден да се приклучи на Мерцедес, по кариерата со Мекларен.
„Паметам, бев во Монако, покрај базенот, во летото 2012 година. Ники ми се јави и само ми кажа “Те сакаме во тимот!“. Никогаш претходно не сме збореле, јас и Ники. Тој немаше добро гледиште за мене. Не знам зошто. Тој не ме познаваше. Не се сретнавме, само разговаравме.
Слушнав некои работи кои тој ги кажа во медиумите за мене и помислив “Зошто Ники ме мрази?“. А потоа, разговаравме, свативме дека имаме многу заеднички работи заедно и го делиме истото гледиште во однос на тркањето.
Потоа Рос Браун се појави во домот на мојата мајка, седеше во мојата кујна, што беше прилично кул. Растејќи го гледав Михаел како ги освојува тие шампионски титули. Гледајќи го Рос во боксот на сите тие трки, сега истиот тој човек е во кујната на мајка ми, прашувајќи ме, во суштина, да го заменам Михаел.
Го овожавав походот на Михаел, кога отиде во Ферари и ги направи успешни. Да се биде дел од тоа патешествие и да се победува, изгледа неверојатно и сакав да бидам дел од такво нешто.
Веќе постигнав се што можев во Мекларен. Мерцедес за мене беше како мало бебе кое само што почнува да расне во нешто во кое што јас сакав да бидам дел. Луѓето сметаа дека е голем ризик, но јас сакам ризик, тоа е возбудливо. Ако не ризикувате, тогаш не живеете“, заклучи Луис.