Храната на иднината: решение кое ќе ги подобри навиките во исхраната

Точка

25/04/2018

16:00

5.531

Големина на фонт

а а а

Не е неопходно да нагласуваме колку е храната важна за нашиот опстанок и каква е нејзината улога во нашите животи. Храната која денес ја јадеме ни е понудена наразлични состојки, форми, облици и вкусови. Познато ни е дека самиот чин на јадење е и клучен социјален момент. Јадењето во разни култури и кај разни социјални групи има различни „церемонии“, начини на подготовка како и самото консумирање на храната е често типично за еден одреден народ или група.

Радикалните технолошки промени и иновациите на 20-от и 21-от век оставија белег како на храната која ја имаме денес, така и на навиките кои се поврзани со исхраната. Сега на една страна се брзата храна и рестораните, а на друга се здравиот животен стил и домашно приготвената храна. Во светот денес најголема поделба се прави помеѓу пореметувања во начинот на исхрана и борба со дебелина во развиениот свет и глад во понеразвиениот дел од светот.


Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме денес кога станува збор за исхрана е тоа што ние всушност не знаеме што навистина јадеме, ниту што купуваме во маркетите, ниту пак што ни е послужено на чинија во рестораните. Иако состојките се напишани на повеќето производи кои ги купуваме, често ние немаме идеја од каде доаѓа таа храна која ја консумираме, каде растела, што содржи и сл. И да бидеме искрени, со тоа што сѐ повеќе луѓе живеат во урбани средини, се намалува можноста за да се одгледува свој зеленчук, овошје или можност да се одгледува свој добиток.

Додека технологијата и иновациите не се сами по себе доволни за да ги решат сите мистерии околу навиките во исхраната, денес на пазарот ни се нудат неколку решенија кои може да ни помогнат во создавање на добри прехрамбени навики. Едно од тие решенија кои денес е лесно достапно на нашиот пазар и е изградено за да воспостави здрави прехрамбени навики кај луѓето, е храната Pro-Fit.


Храната Pro-Fit располага со поширок асортиман на производи, меѓу кои: Протеински кранчови, протеински бисквити, шејкови, супи, чипсови, палачинки и пудинзи. Продуктите се со различни вкусови кои ќе задоволат сечиј апетит. Оваа храна е соодветна за оние кои сакаат да се хранат здраво и да го задржат телото во добра состојба, но и за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми. Pro-fit храната се темели на висок коефициент на протеини (многу протеини, малку масти и многу малку јаглехидрати). Во ова динамично време, кога неретко се случува да не можеме да си приготвиме оброк, оваа храна е совршена замена за нашите дневни оброци и токму затоа можеме да ја класифицираме како храна на иднината и наше ново решение.


Pro-fit протеинските кранчови и бисквити се совршено решение за оние моменти кога сте гладни, а немате можност да си подготвите оброк. Овие кранч штангли може да ги најдете во повеќе вкусови и тоа: кокос, портокал, лимон, чоколадо и карамел. Сигурно се прашувате како може овие слатки штангли да бидат здрави? Овие штангли можат да заменат оброк и да го заситат чувството на глад во било кој период од денот.


Pro-fit шејковите располагаат со многу различни вкусови кои одговараат за секоја прилика. Брзиот и едноставен начин на подготовка на овие протеински шејкови ќе ви го заменат било кој оброк во денот. Се што ви е потребно е да имате шејкер или некое шише при рака и вода за да го растворите шејкот. Смесата ја промешувате со вода и добивате протеински оброк кој ќе ве засити и со кој ќе внесете онолку количество на протеин, колку што би внеле и со приготвената домашна храна.


Чипсовите на Pro-fit, покрај протеинските барови и шејкови, се исто така едно од наједноставните решенија за јадење во прилики кога не може да јадете зготвена храна. Може да ги носите секаде со себе. Колку и да звучи неверојатно дека чипсот може да биде храна, сепак овој чипс навистина може да замени оброк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг