Запалени две камп приколки на Треска

Нетпрес

24/04/2018

14:14

1.639

Големина на фонт

а а а

Две камп приколки изгореле во пожар, ноќеска на езерото Треска во Скопје.

Според полицијата, случајот во полиција утрово во 9 часот го пријавил С.З.(44), сопственик на едната приколка. Сопствениот на другата опожарена приколка не е познат.

Во пожарот изгорел и еден помошен објект.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како и за висината на материјалната штета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг