И Русите ја покажуваат својата сила на Медитеранот: Успешно одржани вежбите на двете најсилни фрегати од Црноморската флота

Точка

24/04/2018

14:31

3.231

Големина на фонт

а а а

Две групи на Црноморската флота во чиј што состав биле фрегатите „Адмирал Григорович“ и „Адмирал Есен“ успешно ги извеле воените вежби на подрачјето на Средоземното море.

Двете фрегати, како и уште неколку патролни бродови на руската воена морнарица кои што делуваат во рамките на Црноморската флота, успешно ги завршиле задачите, односно тестовите на Средоземното море.

„Фрегатите „Адмирал Григорович“ и „Адмирал Есен“ во состав на ударна група на воени бродови, ги „нападнале“ патролните бродови исто така на Црноморската флота кои што вежбале заедничка одбрана на условен противник“, стои во соопштението на руската воена морнарица.

По завршувањето на воените вежби, бродовите продолжуваат со реализација на планот околу командата на постојаната оперативна воена морнарица на Русија распоредена на Медитеранот.

Претходно беше соопштено дека рускиот комплекс „Бал“ и „Берег“ потопиле брод на условен противник, но во овој случај во водите на Црното море.


Овие воени вежби доаѓаат во периодот кога ситуацијата околу Сирија е прилично тензична, а Русите имаат намера да им покажат на САД и сојузниците дека тие се присутни на Медитеранот, иако за време на нападите на Сирија од страна на САД, Велика Британија и Франција на 14-ти април, Русија ги повлече воените бродови од поморските бази во Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг