Вистински урнебес: Како Шек го изговара Милош Теодосиќ

Дерби

24/04/2018

13:00

2.783

Големина на фонт

а а а

Познатата емисија „НБА ТНТ“ во која Шекил О’Нил и Чарлс Баркли се главни ѕвезди во исмевањата и фаќањето сеир на случувањата во НБА лигата е крајно популарна во Америка, а сега истата им овозможи на големите љубители на кошарката самостојно да гласаат за асистенцијата на сезоната.

Интересно, меѓу петте номинирани се најде и феноменалниот српски плејмејкер Милош Теодосиќ кој ја игра својата прва НБА сезона, но многу поголемо внимание на српската јавност и предизвика начинот на кој легендарниот Шек го изговара името и презимето на поранешниот играч на ЦСКА.

Наместо Милош Теодосиќ, Шек го нарече Србинот „Мило Тодототиќ“, а потоа беше исправен од својот колега кој му кажа како се изговара презимето на кошаркарот на ЛА Клиперс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг